Први мај: Зошто баш на овој датум го прославуваме Денот на трудот?

Фото: Profimedia

Денот на трудот се слави како меѓународен празник на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците, но луѓето се собирале и славеле на почетокот на мај уште пред Христа, пишува „Национална географија“.

На 1 мај 1886 година, стотици илјади американски работници излегле на улиците на Чикаго за да штрајкуваат, со цел воведување осумчасовен работен ден.

Протестите продолжиле и во наредните денови, а на 3 мај дошло до насилство – општи тепачки меѓу работниците кои му припаѓале на синдикатот и оние кои не биле дел од организацијата. Во конфликтот се вклучила и полицијата, а последиците биле страшни – четворица загинати и многу повредени.

Последиците биле уште помрачни следниот ден, кога била фрлена бомба на плоштадот Хејмаркет, каде се случувале протестите. Седум полицајци загинале, а 67 биле повредени.

Фото: akg-images / akg-images / Profimedia

Три години подоцна, на Првиот конгрес на Втората интернационала, било одлучено Први мај да биде „заеднички празник на сите земји, кога работничката класа треба да го манифестира единството на своите барања и својата класна солидарност“. Овој датум бил избран во знак на почит кон жртвите од чикашкиот штрајк.

Сепак, уште долго пред американските демонстранти да се соберат во Чикаго, луѓето се дружеле во природа на овој датум. Во историските записи, најраното спомнување на овој период како време за славење и дружење се однесува на Флоралија, антички римски фестивал кој се одржувал во чест на Флора, божицата на цвеќето и пролетта.

Овој фестивал првпат се одржал во 241 година п.н.е., а потоа во 238 п.н.е. За време на Флоралија, Римјаните уживале во весела и често развратна атмосфера, се опивале и поставувале театарски претстави. Како што напиша сатиричарот Јувенал, Римјаните танцувале голи и се бореле во претстави организирани по моделот на гладијаторски борби. Во голема мера, тоа биле проститутки и робови. Овидиј напишал дека на последниот ден од фестивалот се одржувале трки со зајаци и кози, животни кои во антички Рим често биле поврзувани со плодноста, а Персија дека луѓето завршувале посипани со грав и грашок – исто така, симболи на плодноста.

Подоцна, во времето кога во Европа пристигнало христијанството, на почетокот на мај се организирале прослави. Така, на пример, на територијата на денешна Германија, во првите денови од мај се празнувал Свети Валпурга, мисионер кој меѓу првите го проповедал христијанството на таа почва. Од 18 век, многу римокатолици почнале да вршат различни обичаи во чест на Дева Марија на почетокот на мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот