Прва победа на организацијата на Ѓоковиќ над АТП

epa09157230 Novak Djokovic of Serbia reacts during his semi final match against Aslan Karatsev of Russia at the Serbia Open tennis tournament in Belgrade, Serbia, 24 April 2021. EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Новак Ѓоковиќ како еден од основачите на Асоцијацијата на тениски професионалци (ПТПА) ја однесе првата победа во тенисот.

Изјавите на основачите на ПТПА, Новак Ѓоковиќ и Васек Поспишил дека АТП не сака да одговори на 30 прашања кои им ги поставија, а се однесуваа на иднината на тенисот, предизвикаа голема бура бура во јавноста и ја натераа организацијата да ретерира.

Покрај тоа што одби да одговори на 30 прашања кои се однесуваа за иднинана на тенисерите, АТП сакаше да усвои и 30-годишен план кој вклучуваше бенефиции, права и обврски на тенисерите без сето тоа да биде објавено и објаснето.

Поради тоа, прес-конференцијата на Ѓоковиќ и Поспишил во која побараа одговори од АТП предизвика голема бура која ја натера организацијата да ги одложи плановите и да одговори на поставените прашања.
„Многу работи не чекаат за да го направиме тенисот подобар за сите. Благодарни сме што направивме значителен напредок. Благодарност до АТП кој ни одговори на прашањата, благодарност до играчите на ПТПА кои ги дадоа сите повратни информации на ПТПА“, напиша Ѓоковиќ притоа порачувајќи дека „заедно се во ова“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот