Прва лига: ТФТ со убедлива победа против Куманово го обезбеди третото место во плеј-офот

Фото: КФСМ

Во последниот меч од регуларниот дел, „црно-белите“ стигнаа до рекордната победа (107:70) во сезоната.

Во последниот меч од регуларниот дел, „црно-белите“ стигнаа до рекордната победа во сезоната. Против екипата која се чини „дигна раце“ од желбите да се бори за место кое и догодина носи играње во Првата лига, стигнаа до убедлива победа.

Не се поставуваше прашањето за победникот, особено по вториот период во играта во кој домашната екипа направи (31-7), по кои на полувремето имаше и повеќе од недостижни (57:36).

Сето доа доволно за краен ефект изразен со 15.победи и 7. порази, доволен за позиција број 3, која носи предност на домашен терен во четвртфиналната серија од доигрувањето за титулата.

Куманово 2009 ќе игра во Плеј-аут лигата во кој носи ефект (5-17) по 22 одиграни кола, но и нималку лесна ситуација во пресрет на тие шест одлучувачки дуели против екипите на Чаир 2030, Навико Академија ФМП и Струмица 2022.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот