Прв смртен случај од ковид на Гренланд: Властите веднаш воведоа мерки

Гренланд
Гренланд/Фото EPA-EFE/EMIL HELMS DENMARK OUT

Властите на Гренланд им забранија на невакцинираните лица да пристапуваат до јавните простори по првиот смртен случај од ковид 19 во земјата.

Само целосно вакцинирани граѓани ќе можат да влезат во ресторани, фризерски салони, продавници во кои не се продаваат намирници и други слични производи. Властите соопштија дека целта на мерката е „да се спречи ширењето на инфекцијата од училишните деца на остатокот од општеството“, објави данската телевизија „ТВ2“.

Гренланд воведе ограничувања на локално ниво за време на пандемијата за да го спречи ширењето на болеста, а оваа есен островот имаше неколку жаришта и покрај солидната стапка на вакцинација.

Секоја смрт е трагична. За жал, ние во оваа земја сме во фаза на епидемија каде што се очекува болеста да одземе човечки животи и да се развива на ист начин како и низ светот, рече шефот на националната здравствена служба Хенрик Хансен.

Досега на јавните настани и простори можело да се влезе само со негативен тест, но тоа веќе не е можно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот