Провалник налета на 82-годишна бабичка која секој ден оди во теретана: „Ја избра погрешната куќа“

Фото: WHAM

Вили Марфи се подготвувала за спиење во четвртокот, кога маж започнал силно да удира по нејзината врата, барајќи од неа брзо да повика Брза помош. Марфи повикала полиција, но не му дозволила да влезе. Потоа, според нејзините зборови, тој се разгневил и ја срушил вратата.

Така започнува необичната приказна за 82-годишната бабичка-бодибилдер од Рочестер во САД, која успешно се справи со насилник кој се обиде да ја ограби, објави Си-Ен-Ен.

– Релативно е темно и јас сум сама и стара. Но погодете што, јас сум многу цврста. Тој ја избра грешна куќа – вели Марфи.

Таа е бодибилдер и добитник на многу награди, жена која и покрај нејзината напредна возраст речиси секојдневно тренира во локлната теретана.

Како што раскажува Марфи, таа искористила многу различни работи од својот дом за да се одбрани од натрапникот, дури користејќи ја и сопствената маса.

– За земав масата и започнав да го тепам. И погодете што? Масата се скрши – вели силната бабичка.

Таа потоа ги земала металните ногарки од масата и продлжила да го удира натрапникот, неколку пати скокнала врз неговото тело во обид да го онеспособи, а потоа итро му испрскала шампон во очите. За крај, таа искористила и една метла и го тепала уште малку.

По силниот отпор со кој се соочил, натрапникот бил подготвен да си замине. Иако Марфи може да подигне над 100 килограми во теретана, таа имала проблем да го извлече човекот надвор од својата куќа.

– Дојде полицијата, а тој лежи без да мрдне, поради тоа што успеав да се справам со него. Мислам дека беше среќен поради тоа што дојде Брзата помош, а јас успеав да го испратам таму – вели храбрата бабичка-бодибилдер од САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот