Пронајдено тело на заложник киднапиран од Хамас на 7 октомври

Газа / Фото EPA-EFE/ATEF SAFADI

Одбранбените сили на Израел објавија дека војниците на ИДФ го пронашле телото на заложникот Ели Толедан (28), кој беше однесен од терористите од музичкиот фестивал Супернова во близина на кибуцот Ре’им на 7 октомври.

Телото на Толедан беше извлечено од Газа за време на израелска воена операција, а откако беше вратено во Израел и идентификувано, неговото семејство беше известено. Не се знае како и кога починал.

На фестивалот загинаа околу 360 луѓе, а други 36 беа земени како заложници. Се верува дека во Газа останале 134 заложници и дека не се сите живи.

Привремениот прекин на огнот од 24 ноември до 1 декември доведе до ослободување на 105 цивилни заложници, израелски жени и деца и странски државјани, кои ги држеше Хамас. Четворица заложници беа ослободени пред привременото примирје и ослободување на заложниците на крајот на ноември, а еден беше спасен од војници.

Пронајдени се и телата на шест заложници, меѓу кои и на Толедано. Израелските одбранбени сили ја потврдија смртта на околу 20 од оние кои сè уште ги држи Хамас, повикувајќи се на нови разузнавачки информации и откритија направени од војници кои дејствуваат во Газа.

Толедано беше на фестивалот „Супернова“ со својата пријателка Мија Шема (21), која беше ослободена на 1 декември како дел од привремениот договор за прекин на огнот. Шема за време на нападот била застрелана во раката, а откако била ослободена, нејзината тетка изјавила дека била оперирана од палестински доктор додека била во заробеништво.

Според очевидци, Толедано последен пат бил виден со Шема во раните утрински часови на 7 октомври на забава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот