Пронајдено 9-годишното дете кое исчезна во радовишкото село Јаргулица

фото Архива

Момчето на возраст од девет години, кое вчера неговиот татко од Јаргулица, Радовиш, го пријавил за исчезнато, е пронајдено во добра состојба.

Полициски службеници од полициска станица во Радовиш го пронашле денес околу 10.30 часот во атарот на селото Покрајчево, но освен тоа дека детето е во добра здравствена состојба, нема други официјални информации.

Љ.И. (41), татко на момчето, вчера во 22 часот пријавил во полиција дека тоа се оддалечило од домот. По него трагаа доброволци, како и полициски службеници и екипа од Територијалната противпожарна единица.

Петар три дена го нема: Над 100 полицајци, хеликоптер и доброволци во потрага по момчето

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот