Пронајден украдениот часовник од два милиони евра на Леклер

EPA-EFE/RONALD WITTEK

Рачниот часовник на Ф1 возачот на Ферари со вредност од два милиони евра, крадците го продале за „само“ 200.000 евра. Купецот, наводно, е шпански претприемач

Многу скапиот рачен часовник на Шарл Леклер, што наводните фанови му го украдоа во Вијареџо, Италија во април, изгледа повторно се „појави“. Полицијата наводно знае каде е часовникот. Крадците го продале за ситна цена.

Часовникот кој, според италијанскиот весник „Ил матино“, би чинел околу два милиони евра го пронашла наполитанската полиција. Полицајците веруваат дека часовникот моментно е во сопственост на шпански претприемач, кој за него платил само 200.000 евра.

Мала сума, бидејќи вредноста на часовникот „Ришар Мил“ би била околу два милиони. Дали Шпанецот веќе е во контакт со полицијата се уште не е јасно.

Тројцата крадци првично сакале да го продадат часовникот за еден милион. Тоа се покажало како невозможно, бидејќи бил препознатлива украдена роба. Се вели дека тројцата крадци со месеци барале можен купувач, секојпат дополнително ја намалувале цената.

Иако конечната продажна цена беше само една петтина од цената што ја сакале, па дури и една десетина од проценетата вредност, 200.000 сепак е голема сума. Во извештајот се наведува и дека крадците веднаш по кражбата прославиле со раскошен ручек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот