Србин носел снајпер во патна торба, го уапсиле на аеродромот во Ниш

Српска полиција/ Фото: МИА

Цариниците во соработка со полицијата, на аеродромот „Константин Велики“ во Ниш пронашле снајпер, уред за дигитален надзор и термичка камера во патната торба на еден патник, српски државјанин, јавија локалните медиуми.

Српски државјанин (47) кој допатувал од Дортмунд, бил претресен од царински службеници на зелениот пункт откако рекол дека нема што да пријави, соопшти Царинската управа.  

При детален преглед е пронајден снајпер, уред за дигитален надзор со придружната опрема и термичка камера, чија вкупна вредност, врз основа на пронајдените сметки, се проценува на околу 4.000 евра, јави Танјуг. 

По пронаоѓањето на робата, патникот рекол дека е ловџија и дека не знаел дека требало да ја пријави својата опрема, се додава во соопштението.  

Против него е поведена прекршочна постапка пред надлежен суд и спорната стока е одземена. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот