Промена во Битола: Си замина Секуловски, Бабунски нов тренер на Пелистер!

Фото: Фото: ФК ПОБЕДА - официјална група Official Facebook fan page of FC Pobeda Prilep

Попладнево битолски Пелистер потврди дека се разделува со тренерот Марјан Секуловски и на негово место пристигнува Бобан Бабунски.

Бабунски во првиот дел од сезоната ја предводеше прилепска Победа од каде што си замина поради финансиската криза во клубот.

ФК Пелистер ги известува своите симпатизери и навивачи дека спогодбено го раскина договорот со шефот на стручниот штаб Марјан Секуловски . Шест месеци пред истекот на договорот двете страни спогодбено се разделуваат по една година помината заедно. Клубот му се заблагодарува на Секуловски и неговиот стручен штаб за професионалноста , посветеноста и стручноста во уште една прилика што излезе во пресрет на матичниот клуб.

Нов шеф на стручен штаб е назначен Бобан Бабунски кој се обврза на договор до јуни 2023 година со опција за продолжување на соработката за уште една сезона ако клубот избори промоција во Првата фудбалска лига. Бабунски е на возраст од 54 години и е добро познато име, поранешен македонски и југословенски репрезентативец и селектор на сениорската и младинската репрезентација на Македонија, соопштија од ФК Пелистер.

Во својата тренерска кариера покрај Победа, Бабунски беше тренер уште на Вардар и Работнички. Неговото претставување и почеток на подготовки е закажано за понеделник деветти jануари 2023 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот