Проектот „Простор за разговор“ ја продолжува Националната турнеја во Тетово

Фотографија: Проект „Простор за разговор“

Културниот центар „Интерарт“ во соработка и со поддршка на Швајцарската амбасада во Скопје, ја продолжува Националната турнеја на проектот „Простор за разговор“- „Dancing (Talking)Table“. Следниот настан ќе се одржи на 16 мај, со почеток во 17.30 часот, во партнерство и соработка со здружението „Кортекс“ – Тетово и Средното медицинско училиште „Никола Штајн“ од Тетово.

Во рамки на настанот ќе се прикаже филмот „Простор за разговор“ во кореографија и режија на Рисима Рисимкин, музика на Тони Китановски, костими на Благој Мицевски и сценско обликување и светло на Матеа Мијановиќ, а изведувачи се танчерите на Скопје танцовиот театар: Анастасија Данчевска, Дејан Битровски, Адријана Данчевска, Бобан Русески, како и Стефани Шааршмит, Сара Димовска, Клара Христова, Јоана Благадуша, Микаела-Анџела Глигорова, Илина Костовска, Моника Шолевска, Ангела Петровска и Стефанија Милевска Враниќ, студенти на Катедрата за современ танц при универзитетот „Гоце Делчев“.

Филмот е создаден како сценска рефлексија на истражувањето за односот на општеството кон темата на родова еднаквост и семејно насилство, со цел да се сврти вниманието на јавноста кон овој горлив проблем.

На темата ќе се обратат Бинас Пајазити – Директор на училиштето „Никола Штајн“, м-р Небахат Имери – основач на ЗПСП „Кортекс“ што работи советување и психотерапија со млади и возрасни, вработена во ЈУМЦСР-Тетово, и Рисима Рисимкин, уметник и професор, уметнички автор на проектот, кои ќе зборуваат на темата за родова еднаквост и семејно насилство.

Националната турнеја на проектот се случува во партнерство со универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, „Националната мрежа против семејно насилство“ и локални партнери од десетте града во Македонија, кои се занимаваат со култура и темата на родово еднаквост и родово базирано насилство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот