Продолжуваат провокациите: Северна Кореја истрела уште четири балистички ракети

Фото: EPA

Северна Кореја денеска истрела уште четири балистички ракети, соопшти јужнокорејската војска.

Претходно утринава Пјонгјанг лансираше повеќе од 10 проектили, од кои една падна недалеку од јужнокорејски територијални води, а Сеул возврати со три ракети воздух-земја.

Нови ракети беа истрелани во 6:51 часот од две локации во провинцијата Северен Пјонган, соопшти Сеул.

По извршената анализа беше објавено дека станува збор за „балистички ракети со краток дострел”.

Сеул утринава соопшти дека севернокорејска ракета ја преминала северната гранична линија за првпат по поделбата на полуостровот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот