Продолжува комисиската расправа за избор на Кети Петкова за член на Советот на јавни обвинители

Во собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска продолжи расправата за избор на Кети Петкова, адвокат од Гевгелија, која претходно работела во Специјалното јавно обвинителство, за нов член на Советот на јавни обвинители.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не дава своја поддршка за изборот на нови членови на Советот на јавни обвинители, а пратениците од оваа партија најавија долги дебати и говори исто како претходно за предлозите за уставни судии.

Кандидати за членови на Советот на јавните обвинители, покрај Кети Петкова, се и Светлана Жупаноска, судски соработник во Основниот граѓански суд Скопје и Митко Митревски, генерален секретар на Јавното обвинителство.

Од тројцата пријавени кандидати, членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата треба да изберат двајца за пополнување на испразнетите места во Советот, заради пензионирање на двајца негови членови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот