Продолжува извозот на руска нафта во Северна Кореја

Нафта / Фото: EPA-EFE/Henry Chirinos

Обединети нации соопштија дека Русија од декември минатата година продолжи да извезува нафта во Северна Кореја, првпат од 2020 година.

Според податоци на ОН, Русија до април годинава извезла 67.300 барели рафинирана нафта во Северна Кореја. Извозот на нафта продолжи по обновата на железничката врска помеѓу Русија и Северна Кореја во ноември минатата година.

Според санкциите на ОН против Северна Кореја поради нејзината нуклеарна и ракетна програма, земјите мора да го информираат Комитетот за санкции на Северна Кореја на Советот за безбедност за месечната продажба на рафинирана нафта.

Северна Кореја се обидува да ги подобри односите со Русија и ја поддржа Москва по инвазијата врз Украина.

САД се загрижени дека Северна Кореја планира да испрати повеќе оружје во Русија, изјави пред два дена портпаролот на Стејт департментот, откако севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун вети дека ќе ја зајакне стратешката соработка со Москва.

Иако Северна Кореја негира дека и продава оружје на Русија, САД тврдат дека Пјонгјанг во ноември минатата година доставил една пратка, вклучувајќи крстосувачки ракети и проектили на платеничката група Вагнер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот