„Проблемот е во тоа што заради кариера, не сака да забремени“: Владиката Петар „мажјаснува“ што мислел со контроверзните изјави

Фото: Телма / принтскрин

Митрополитот на МПЦ-ОА, Петар, вечерва во гостувањето на „Телма“ објаснуваше дека неговите коментари кои ги разгневија жените – дека жените често, кога сакаат да докажат дека имаат еднакви права, ја запоставуваат својата улога на жена и мајка, биле извадени од контекст.

„Има жени кои сакаат да имаат кариера и заради кариерата која сакаат да ја имаат, земаат контрацептивни средства и не сакаат да родат дете. Втората работа е дека има жени кои заради тоа што сакаат да уживаат во половите односи, не сакаат да раѓат деца, па затоа ќе ги абортираат“, рече владиката.

„Проблемот е во тоа дека заради кариера, не сака да биде мајка. Заради кариера не сака да забремени“, додаде тој.

„Жената е рамноправна со мажот и јас тоа никогаш не сум го негирал. Само ми се импутира“, тврди митрополитот.

ВИДЕО | Митрополит Петар: Родовата еднаквост е опасна, погубна и отровна идеологија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот