Проблеми во Сити, Грилиш и Марез се забавувале во ноќен клуб заедно со силувачот Менди

Грилиш најверојатно ќе биде повикан да сведочи на суд/ фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Бенџамин Менди е обвинет за четири силувања и сексуален напад и поради тоа останува во притвор најмалку до првото судство рочисте кое е закажано за 24 јануари 2022 година, но сега се појавија нови детали во врска со еден од нападите.

Британските медиуми успеаја да го откријат движењето на една од ноќите во кои Менди е обвинет дека силувал девојка и наведуваат дека пред судот како сведот ќе се појави најскапиот фудбалер во историјата на Премиер лигата, Џек Грилиш.

Имено, Грилиш заедно со уште еден играч на Манчестер сити, Ријад Марез биле во друштво на Менди неколку часа пред силувањето за кое е обвинет.

Тројцата фудбалери биле заедно во ноќен клуб во ноќта помеѓу 22 и 23 август, а како што се наведува, Грилиш и Марез не се вмешани во силувањето. Бенџамин Менди таа вечер силувал 17-годишна девојка.

-Почнаа да се дружат на едно место, а за време на ноќта променија неколку локации. Но, Грилиш и Марез не заминаа во домот на Менди. За жал, тоа што почна како забавна вечер во клубот заврши со сериозни обвинувања – откриваат извори за таблоидот „Сан“.

Агентот на Марез изјави дека „Ријад не е сведок и не се третира како еден од сведоците“, додека претставниците на Џек Грилиш биле контактирани поради овој случај и се очекува негово појавување во судот како сведок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот