Жртвите на масакрот на Хамас на 7 октомври 2023/Фото: EPA/ATEF SAFADI

Пробив во преговорите: Израел и Хамас утре потпишуваат договор за заложниците и прекин на огнот

Медијаторите во мировните преговори меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас планираат утре да потпишат договор за итно ослободување на живите заложници и почеток на прекин на огнот, објави „Тајмс оф Израел“, повикувајќи се на неименувани извори.

Арапски дипломат и друг извор запознаен со тековните преговори во Египет наводно изјавиле дека медијаторите моментално планираат утре да потпишат договор меѓу Израел и Хамас со кој веднаш ќе се ослободат преостанатите живи заложници во замена за прекин на огнот во Газа.

Откако ќе се воспостави прекин на огнот, Хамас ќе може да ги собере телата на убиените заложници за нивно подоцнежно враќање во Израел, велат изворите.

Во Газа моментално има 48 заложници, од кои се верува дека 20 се живи. Договорот постигнат од медијаторите за четврток ќе биде за она што страните го нарекуваат „прва фаза“ од планот на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на војната, велат изворите.

Високиот функционер на Хамас, Тахер ал-Нуну, претходно денес изјави дека преговарачите од неговата организација и Израел размениле списоци на затвореници и заложници кои ќе бидат ослободени доколку се постигне договор за време на тековните преговори за примирје во Газа што се одржуваат во Египет, објави Танјуг.

Разговорите меѓу Хамас и Израел во египетското одморалиште Шарм ел-Шеик започнаа во понеделник, со посредство на египетски и катарски претставници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот