Привршува рехабилитацијата на патот Битола-Меџитлија

Фото: Слободен печат

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски со заменик министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи и директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, денеска извршија увид на градежните активности на рехабилитацијата на патот Битола Меџитлија.

„Станува збор за 12 километри регионален пат што не поврзува со Република Грција.
Рехабилитацијата на овој патен правец, со сигурност денеска можам да кажам дека успешно го привршуваме како проект. Првиот слој асфалт е целосно поставен, сега се поставува повеќе од една третина на вториот слој асфалт и очекуваме најдоцна до октомври да биде завршен овој патен правец. Како Влада ги решаваме инфраструктурните прашања и овозможуваме подобри услови за граѓаните, посилна економија на целиот регион, како и отворање на нови работни места,
изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Патот Битола-Меџитлија цели 40 години не беше рехабилитиран, информираше директорот на јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми.

„Интензитетот на градежните работи е според планираното и се одвиваат со предвидената динамика. Очекуваме до крајот на септември или почетокот на октомври да го пуштиме во употреба овој пат што 40 години не беше рехабилитиран. Должината на патот е 12,7 километри, се финансира од страна на ЕБОР со 3,7 милиони евра и сега граѓаните ќе патуваат побезбедно-информираше директорот на ЈП за државни патишта Рустеми и додаде дека 480 милиони евра се за капитални инвестиции, градба, рехабилитација и модернизација на патната инфраструктура во државата.

Фото: Слободен печат

Министерот за транспорт Бочварски рече дека процедурите за урбанистичките проекти
за експерсниот пат од Битола за Грција се завршени, во однос на проектирањето се финализирани и наредната година ќе бидат побарани финансиски средства за реализација на овој проект, по што веднаш ќе биде распишана тендерска постапка за избор на изведувач и целиот крак на Коридорот 10-Д ќе се заокружи со нова модерна патна инфраструктура до граничниот премин со Грција.

Но, дотогаш патниот правец Битола-Меџитлија ќе биде во функција со подобрена инфраструктура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот