Фото: Општина Кисела Вода

Привршува изградбата на градинката во Потстаница

Новата градинка во населеното место Потстаница се очекува да биде готова за 20 дена. Во објектот со три занимални, со вкупна површина од 300 метри квадратни ќе бидат згрижени 75 дечиња. Во оваа градинка, освен деца од Драчево ќе можат да бидат примени и деца од населба Лисиче, од општина Аеродром.

Во општина Кисела Вода листите на чекање се сведени на нула и сме една од ретките општини што се отворени за згрижување на дечиња од други општини, изјави Ѓорѓиевски, кој денеска зедно со премиерот Христијан Мицкоски извршија увид во градежните работи.

Тој дека се привршува и целосната реконструкција на објектот „Пеперутка 1“ во Драчево, каде ќе можат да се згрижат уште 60 деца, а привршуваат и работите за градинката во Расадник, со капацитет за 125 дечиња.

Фото: Општина Кисела Вода

Мицкоски најави дека ќе продолжат активностите за решавање на, како што рече, наследените проблеми со листите на чекање во градинките и недостигот на кадар.

Главен наш приоритет ќе продолжи да биде изградба на инфраструктура, бидејќи демографијата е еден од водечките предизвици што ќе треба да ги совлада Владата, изјави Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот