Привршува изградбата на детско игралиште во населбата Драчево

Во населбата Драчево, во паркот „Бранители” привршуваат работните активности за изградба на детско игралиште. За таа цел денеска градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски и претседателот на Советот на Општината Дарио Шимиќ извршија увид во завршните активности за изградба на игралиштето.

Општина Кисела Вода информира дека детско игралиште со летниковец е направено и на месноста „Три круши”, во селото Драчево, а неодамна целосно е реконструирано и игралиштето во населбата Црниче.

Од Општина Кисела Вода најавуваат дека ќе продолжат да ги подобруваат условите за детска игра на својата територија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот