Приведени три лица од гостиварско поради разбојништво врз српски државјанин

Полициски службеник / Фото: Архива

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар го расчисти разбојништвото кое на 25 октомври околу 20 часот било извршено врз 48-годишниот српски државјанин Г.С., и до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривични пријави против М.Х. (33) и Љ.Х. (27), двајцата од гостиварското село Дебреше и Ш.Ј. (42) од гостиварски Равен.

Тројцата пријавени, како што соопшти МВР, се сомничат дека во близина на наплатната станица Гостивар, прво побарале да влезат во товарно моторно возило „Сканија”, со српски регистарски ознаки, што го управувало Г.С, а потоа и физички го нападнале и со закана со остар предмет му одзеле паричник со 9.000 српски динари, 50 евра, возачка дозвола и банкарска картичка.

Нешто подоцна, пријавените се лишени од слобода и изведени пред судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар, кој им определил мерка притвор од 30 дена, по што биле спроведени во Казнено-поправната установа Затвор Скопје – Скопје, стои во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот