Приведени двајца крадци од Скопје

Сообрќајна полиција / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Двајца скопјани вчера биле приведени од полициски службеници поради кражба извршена на 7 јуни годинава на автобуска постојка во Гази Баба. Одземеното е вратено на сопственикот.

– Вчера, околу 09.00 часот, во Скопје од полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Гази Баба при скопското СВР се лишени од слобода скопјаните С.А.(44) и А.М.(55). Имено, по преземени мерки и активности е констатирано дека на 7 јуни 2023 на автобуска постојка во близина на угостителски објект на подрачје на Гази Баба, пријавените одзеле предмет од Н.Т. При извршениот службен разговор тие го појасниле начинот на извршување на кривичното дело, а одземениот предмет е пронајден кај нив и ќе биде вратен на сопственикот, известуваат од МВР.

Од полицијата соопштуваат дека поради основано сомнение дека пријавените сториле кривично дело „кражба“ казниво по чл. 235 и кривично дело „прикривање“ казниво по чл. 261 од Кривичниот законик, по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот