Приведен маж од Ласкарци, кај него било пронајдено оружје и муниција

Фото: МВР

Полицијата приведе маж од скопското село Ласкарци откако кај него било пронајдено конвертиран пиштол, две празни рамки за автоматска пушка и куршуми.

„По преземени мерки и активности, денеска (20.10.2023) од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје, извршија претрес на дом и други простории кај С.З. во село Ласкарци,скопско. При претресот, во близина на помошен објект кој го користи, пронајдени се еден конвертиран пиштол, две празни рамки за автоматска пушка и 16 куршуми. Исто така, при претрес во неговиот дом, пронајдени се и три пиштоли и ловна пушка“, информираат од МВР.

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот