Приведен бегалец од затвор, спроведен во КПУ Прилеп

Апсење / Фото: МИА

Полициски службеници од СВР Битола – Полициско одделение Кривогаштани, вчера на улица „Гоце Делчев” во прилепското село Кривогаштани го привеле триесет и шестгодишниот П.М. жител на ова село.

Како што информираат денеска од МВР, тој бил баран по потерница по наредба на Казнено-поправната установа Затвор Прилеп заради бегство од затворот. По приведувањето тој бил спроведен во установата за доиздржување на казна затвор во траење од две години и три месеци

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот