Притисокот од истрагата за импичмент на Трамп го принудува Помпео на оставка?

Фото: EPA-EFE/Yuri Gripas

Актуелниот државен секретар на САД, Мајк Помпео, наскоро би можел да поднесе оставка и да го напушти тимот на американскиот претседател Доналд Трамп, пишува магазинот „Тајм“, повикувајќи се на неименувани извори.

Првично се очекуваше Помпео да остане на својата функција до пред почетокот на летото на следната година, но поради заканите за импичмент (отповикување) на шефот на Белата куќа ги променила неговите планови, наведува американскиот магазин.

Државниот секретар, наводно, има намера да се фокусира на изборите за сенатор во сојузната држава Канзас, додека настаните и истрагата за Трамп во Конгресот му нанесуваат голема политичка штета.

Гласините дека Помпео може да замине од својата функција одамна се слушаат, наведуваат американските новинари, но досега немаше никаква потврда за тоа дали државниот секретар за своите планови разговара со актуелниот претседател.

Ситуацијата се заострува и поради тоа што Доналд Трамп е незадоволен од неможноста на Помпео да влијае на скандалот со Украина, афера која може да го чини заминување од претседателската фотелја, заклучуваат од „Тајм“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот