Пријавена кражба на 17 куќишта од компјутери во Битола

СВР-Битола соопшти дека во текот на вчерашниот ден битолчанецот  Н.С. (61 г.) во СВР-Битола пријавил дека во ноќта меѓу 19 и 20. август непознат сторител извршил тешка кражба во негова гаража ул.„Ѓорѓи Зековски” во Битола.

Секторот за односи со јавност при СВР-Битола потврди дека според пријавеното, станува збор за тешка кражба во која сторителот одзел 17 куќишта од компјутери, графички картички и други составни делови од компјутери.

Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на настанот, нагласуваа од СВР-Битола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот