При влез во општинската зграда во Дебар, мора да има заштитна маска а се мери и температура

Од денеска секое лице, независно дали е вработен или странка, кое сака да влезе во зградата на локалната самоуправа во Дебар, е контролирано дали носи заштитна маска а му мери и телесна температура.

Вакво нешто градоначалникот Хекураn Дука, кој раководи и со општинскиот оперативен штаб најави на петочната прес-конференција, на која уште побара тоа да го применуваат и сите други институции.

– На ова подлежи секој вработен во општинската администрација, оние на подрачните единици на министерствата и другите државни агенции и органи, кои просторно сместени во зградата, како и секој граѓанин кој за која било потреба ќе влезе во зградата на општина Дебар. Препорачуваме и другите институции да ја практикуваат истата превентивна мерка, велат од општинскиот оперативен штаб.

Додаваат дека обврска е на чуварската служба и на онаа за обезбедување да легитимира секоја странка со водење список, а обезбедувањето да ја координира секоја средба меѓу граѓанинот и службеното лице.

– Овие мерки ги преземаме поради последната состојба со проширувањето на вирусот и со цел спречување на неговото проширување. Затоа ги замолуваме сите да придржуваат кон оваа регулатива а граѓаните за разбирање, додаваат од штабот.

Во општина Дебар, која беше прво жариште на опасниот вирус во државата, по цели 50-есет дена, во петокот, на петти овој месец, беше регистриран нов случај. Во изминатите два дена нема ново заразени, а според полициската статистика во самоизолација 30 лица

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот