Превентивно-едукативна активност „Не користи мобилен телефон додека возиш“ во Берово

Човек зборува на мобилен додека вози / фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Во Берово беше реализирана превентивно-едукативна активност „Не користи мобилен телефон додека возиш“. Активноста беше реализирана од страна на полициски службеници од ОВР Берово.

-Превентивно-едукативната активност е реализирана со цел подигнување на сообраќајната култура и свеста на граѓаните за опасноста и последиците кои можат да настанат од користењето на мобилните телефони додека управуваат моторно возило, истакнаа од ОВР Берово.

Превентивно-едукативната активност „Не користи мобилен телефон додека возиш“ се реализираше во централното подрачје на Берово

-Во рамки на акцијата на граѓаните им беа поделени и едукативни летоци изработени од РСБСП. Се надеваме дека пораките ќе допрат до граѓаните и ќе.има е повеќе совесни возачи кои ќе се придржуваат до упатствата за бебзедно возење, додадоа организаторите на акцијата.

Со вакви и слични акции како што додадоа се продолжи и во наредниот период.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот