Претставниците на Синдикатот за здравство ќе се сретнат со министерот Демири

Протест на Самостојниот синдикат за здравство / Фото: МИА

Претставниците на Синдикатот за здравство кои денеска одржаа протест пред Министерството за здравство ќе бидат примени на средба со техничкиот министерот за здравство Илир Демири.

Здравствените работници денеска, во организација на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, поддржани од Сојузот на синдикатите на Македонија, се собраа на протест пред Министерството за здравство во знак на незадоволство од непотпишаниот анекс на Колективниот договор.

Под мотото „Здравството на протест за плата“, паралелно, денеска, здравствените работници ќе излезат на протест и пред здравствените домови низ државата.

ВИДЕО: Почна протестот на Самостојниот синдикат за здравство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот