Претставата „Нема да биде крај на светот“ учествува на театарски средби во Брчко

Копродукциската претстава „Нема да биде крај на светот“ на Македонскиот народен театар, „Перипетија продукција“ – Скопје и Сараевскиот воен театар „Сартр“ – Сараево, на 24 октомври гостува на Интернационалните театарски средби Брчко Дистрикт, БиХ, насловени под слоганот „Болест на општеството“.

Во официјалната фестивалска програма, која почна на 20, а ќе заврши на 28 октомври, покрај нашата театарска куќа, опфатени се и театри од регионот, меѓу кои: Сатирично казалиште „Керемпух“ и Градско драмско казалиште „Гавела“, Загреб – Хрватска, Црногорско народно позориште и Центарот за култура во Тиват – Црна Гора, Босанско народно позориште, Зеница – БиХ, „Ателје 212“ – Белград и Српско народно позориште, Нови Сад – Србија и други.

Театарските средби во Брчко се основани пред 49 години, а во својата речиси половина век долга традиција, средбите ги променија правилата и предлозите за организација, продукција, структурата на оценувањето и наградувањето на претставите и поединците, како и начинот на селекција и избор на изведби.

Според селекторот, проф. Владо Керошевиќ, од оваа година тоа се „Интернационални театарски средби“, на кои можат да учествуваат сите театри од БиХ и од странство, со квалитетни претстави без разлика на јазикот на кој е напишан или изведен драмскиот текст, извести Мила Анѓелковиќ од РСМ НУ Македонски народен театар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот