Претреси и апсења во Кондово

фото: Слободен печат, архива

Полициски службеници од ЕВР -ОКР Ѓорче Петров, по претходно добиена судска наредба во врска со извршена тешка кражба, на 26.12.2020 извршија претреси кај Е.Б. (22) Скопје и С.С. (21) од с.Кондово и ги лишија од слобода.

Претходно, на 19.11.2020 во полициска станица бил повикан А.А. (24) од с. Љубин. По преземените мерки и активности, расчистена е тешка кражба извршена на 19.11.2020 во маркет во Ѓорче Петров, од каде биле одземени пари.

Против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежното обвинителство. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот