ПРЕПОРАКИ ОД ИЗОЛАЦИЈА: Тренинг сконцентриран на внатрешната страна на бутот, вежбаме со Елена Мирческа (ВИДЕО)

Фитнес инструкторката Елена Мирческа подготви нов сет вежби за читателите на Слободен печат – тренинг за внатрешни бутини, вежбите се адаптирани за домашни услови.

Денешниот предлог вежби од дома е сконцентриран на внатрешната страна од бутот, едно од местата кои први го губат тонусот на мускулите при неактивност и се зона каде што масните клетки повеќе се таложат.

– Во секојдневната рутина, тие мускули практично и не се користат многу, затоа што движењата се обично сконцентрирани напред и назад, а за нивно движење потребно е латерално, односно странично движење, објаснува Елена, фитнес инструкторка, и додава:

– Анатомски, внатрешната страна на надколеницата е составена од пет главни мускули, познати како адуктори, и служат да ја влечат ногата кон центарот на телото и да ги стабилизираат коленото и колкот. Тие се основа на стабилноста на колковите, а со тоа и на целото тело, ги штитат зглобовите од повреди и обезбедуваат зголемена мобилност. Фитнес експертите се согласни дека дури и при секојдневната фитнес рутина, претежно се форсираат мускулите на бутот и предните и задните мускули на надколеницата, а додека внатрешните мускули се запоставени или остануваат заобиколени. Тоа е многу погрешен пристап на тренирање кој на долг временски период може да резултира со дисбаланс на телото.

Вежбите во денешнето видео не претставуваат тренинг сам по себе, туку се предлог на вежби од кои може секој да одбере согласно своето ниво на кондиција и да ги вметни во својата фитнес рутина посветувајќи внимание и на оваа мускулна група.

 

Доколку немате идеа како сами да дизајнирате свој тренинг или ви фали мотивација, повелете приклучете се на секојдневни онлајн часови во живо во @FitnesStudioLadyFit.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот