Пренџов свика итна седница на Комисијата за надзор над работата на АНБ: Димовски да објасни за државјанството на Онишченко

Виктор Димовски, директор на АНБ / Фото: Архива на Слободен печат
Утрово свикав итна Седница на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање со единствена точка на дневен ред “Улогата на АНБ во безбедносната проверка на лицето Александр Онишченко при давањето на позитивно мислење за добивање македонско државјанство”. Комисијата ќе се одржи во среда 16.11.2022 и на истата е повикан директорот Виктор Димовски. Или со други зборови, директорот Димовски да ни објасни како е можно секој втор белосветски хохштаплер и криминалец да има македонски пасош и државјанство – информира Пренџов.

За среда е свикана петтата седница на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност. Претседателот на Комисијата Љупчо Пренџов како прва точна на дневниот ред ја стави: Улогата на Агенцијата за национална безбедност во безбедносната проверка на лицетот Александр Онишчено при давањето на позитивното мислење за добивање на македонско државјаноство.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот