Преминот Рафа меѓу Египет и Газа ќе биде отворен утре

Фото: EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Утре ќе биде отворен преминот Рафа, единствениот премин во Појасот Газа кој не е под израелска контрола, за да се овозможи хуманитарна помош да помине на палестинската територија, јавија египетските медиуми.

Повикувајќи се на извори блиски до египетската разузнавачка служба, каналот Al Qahera News објави дека преминот Рафх ќе биде отворен утре, но без други детали.

Според претходните најави, американскиот претседател Џозеф Бајден побарал од египетските власти да дозволат да минат 20 камиони хуманитарна помош преку тој премин, што Светската здравствена организација го оцени како целосно недоволна помош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот