Премиерот на Словачка е позитивен на ковид-19

Фото: МИА

Премиерот на Словачка, Игор Матович е позитивен на новиот коронавирус, објавија словачките медиуми.

Поради тоа претседателот на Парламентот, Борис Колар, кој вчера имаше средба со Матович ќе биде во петдневна самоизолација, откако ќе биде тестиран на Ковид-19.

И словачкиот министер за земјоделство Јан Мицовски неодамна објави дека е позитивен на новиот коронавирус. Додека министерот за заштита на животната средина Јан Будај е во карантин откако бил во контакт со вработени во Министерството, а кои биле инфицирани со Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот