Премиер лигата добива Куќа на славните

Челниците на натпреварувањето потврдија дека првите две имиња кои ќе бидат примени во новоформираната Куќата на славните ќе бидат познати на 19 март.

По примерот на многу спортови кои ги слават најдобрите, челниците на Премиер лигата одлучија да отворат Куќа на славните.

Во Куќата на славните, ќе има место само за најдобрите кои играле во Премиер лигата од 1992 година па навака, а првите две имиња кои ќе бидат примени, ќе се дознаат на 19 март.

– Место во Куќата на славните во Премиер лигата ќе имаат само најдобрите кои играле во оваа лига. Од 1992 година, Премиер лигата беше место каде играа фудбалери од светска класа кои мотивираа и беа идоли на генерации фудбалери кои сега се меѓу најдобрите. Тоа ќе биде можност за нашите фанови во светот да ѕирнат назад низ годините и да ни помогнат да прославиме некои неверојатни фудбалски кариери – изјави Ричард Мастерс, извршниот директор на Премиер лигата.

Според фановите, како главен фаворит да биде еден од двајцата први членови на Куќа на славните е легендарниот менаџер на Манчестер јунајтед, сер Алекс Фергусон. Фановите типуваат дека вториот член би бил Алан Ширер кој е најдобар стрелец во историјата на Премиер лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот