Преку 50.000 студенти лани се запишале на македонските универзитети

Фото: Драган Митрески/Слободен печат

Според податоците на Државниот завод за статистика, добиени врз основа на пристигнатите извештаи, во Република Северна Македонија, во академската 2021/2022 година се запишале вкупно 51.510 студенти, што претставува зголемување за 1.2% во однос на академската 2020/2021 година.

Уделот на студентките во вкупниот број на запишани е 29.823 или 57.9%.

Најголем број студенти (82.6 %) се запишале на државните високообразовни установи, додека 16.8 % се запишале на приватните универзитети.

На прва година на студии, во оваа академска година, се запишале 13.434 студенти или 26.1 % (тука се опфатени и студентите што запишуваат прва година по втор, трет и повеќепати), соопшти државната статистика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот