Прекинат концертот на Александра Пријовиќ во Осиек: На сцената се појави изненадување за пејачката

Александра Пријовиќ / Фото: Инстаграм/Александра Пријовиќ

Српската пејачка Александра Пријовиќ (28) повторно е актуелна во Хрватска и целиот регион. Таа го одржа вториот концерт во Осиек, а ја очекуваат уште три настапи.

Со оглед на тоа што вчера се славеше Денот на вљубените, токму на сцената за неа пристигна посебно изненадување, пишува „24 сата.хр“.

Имено, сопругот на Пријовиќ, Филип, кој секој концерт го следи за сè да помине беспрекорно, вчеравечер на пејачката ѝ приреди изненадување кое ќе остане запаметено.

Откако ја испеа новата песна „Последни кабаре“ на сцената пристигна огромен букет цвеќе за Прија, испратен од самиот Живојиновиќ, кој целосно ја воодушеви Александра.

Пријовиќ била видно расположена поради концертот, но нејзиниот сопруг Филип сакал да ѝ го направи Денот на вљубените уште поубав.

„Од Филип?! Отсекогаш бил џентлмен“, изјавила пејачката.

Целиот регион лудува по Александра Пријовиќ: За неколку месеци ќе наполни повеќе од 20 арени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот