Прегазен полицаец на кружен тек во Кичево

Фото: Драган Митрески / Слободен печат

Полицаец вчера бил прегазен на кружен тек во Кичево, при што се здобил со тешки телесни повреди.

„На 15.02.2024 во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода Л.З.(23) од с.Длапкин Дол, кичевско. Околу 08.10 часот на кружен тек од магистралниот пат А2 и ул.„Борис Кидрич“ во Кичево, тој со патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки удрил во полициски службеник кој извршувал службени дејствија, регулација на сообраќајот. Притоа, полицискиот службеник се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Кичево. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кичево“, информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот