Предвремени претседателски избори во Алжир закажани за 7 септември

Знаме на Алжир фото ЕПА

Алжир денеска соопшти дека ќе одржи предвремени претседателски избори на 7 септември годинава.

„Донесена е одлука да се организираат предвремени претседателски избори на 7 септември 2024 година“, објави алжирското претседателство во соопштението објавено по состанокот со кој претседаваше претседателот Абделмаџид Тебун.

На средбата учествуваа и премиерот, претседателите на двата дома, началникот на Генералштабот на вооружените сили и претседателот на Уставниот суд.

Последните претседателски избори во Алжир, на кои победи Тебун со 58 отсто од гласовите, се одржаа на 12 декември 2019 година.

Претседателскиот мандат на Тебун истекува во декември. Не е објавено зошто се спроведуваат избори порано од очекуваното.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот