Пред вечерашниот протест во Тирана, американската амбасада ги повика своите граѓани да ја избегнуваат толпата

Албански полициски службеници
Албански полициски службеници / Фото: EPA-EFE/MALTON DIBRA

Пред вечерашниот протест свикан од Сали Бериша, американската амбасада во Тирана ги предупреди своите граѓани кои живеат во албанскиот главен град да се „оградат од протестот“ и ги предупредува да ги избегнуваат патиштата каде минуваат демонстрантите.

Во соопштенето објавено од амбасадата се наведува дека во 19.00 часот е планиран протест пред владата и се додава дека „овие протести имаат потенцијал да се прелеат на околните улици, предизвикувајќи сообрајќаен метеж, пренасочување и затворање на патиштата“.

„На граѓаните на САД им се препорачува да избегнуваат големи собири во градот. Додека многу големи настани се одвиваат мирно, некои ситуации може да се сменат брзо и непредвидливо. Следете ги локалните медиуми и упатствата на локалните органи за спроведување на законот за најновите информации“, советува амбасадата.

Протестот е највен за 19 часот а за безбедноста ангажирани се 1200 полициски службеници од сите сектори, како и припадници на специјалните единици.

Бериша и денеска упати апел до граѓаните масовно да се приклучат на протестот за да ја „изразиме со наш протест одлуката на Албанците да ја спасат Албанија од клептократскиот режим на Еди Рама“.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот