„Прада“ на Месечината: Модната куќа ќе помогне во дизајнирањето на костуми за мисијата на НАСА

Фото: Instagram / prada

Италијанската луксузна модна куќа „Прада“ објави дека ќе се здружи со „Аксиом спејс“ за да ги дизајнира вселенските костуми за мисијата „Артемис 3“ на НАСА која треба да се случи во 2025 година, пишува „Њујорк пост“.

Луксузниот бренд е договорен од НАСА за да помогне во изработката на костумите што астронаутите ќе ги носат на Месечината, при првата посета на површината на Месечината од 1972 година. Дизајнерите ќе работат рамо до рамо со тимот на „Аксиом спејс“ во текот на процесот на дизајнирањето на лунарните костуми.

„Постојаното напредно размислување на ‘Прада’ за човештвото се прошири до нејзината желба за авантура и до храбри нови хоризонти: вселената. Почестени сме што сме дел од оваа историска мисија со „Аксиом спејс“. Нашите децениски експерименти, врвна технологија и дизајнерско знаење – кои започнаа уште во 90-тите со Луна Роса како предизвик за Купот на Америка – сега ќе се примени на дизајнот на вселенски костуми за ерата на ‘Артемис’. Тоа е вистинска прослава на моќта на човечката креативност и иновативност за унапредување на цивилизацијата“, рече Лоренцо Бертели, маркетинг директор на модната куќа.

Фото: Instagram / prada

Оваа мисија наречена „Артемис 3“ ќе биде првото слетување на Месечината со екипаж по „Аполо 17“ во декември 1972 година. Мисија во која се очекува за првпат во историјата во екипажот да учествуваат жена и личност од друга раса.

Инаку, во заедничкото соопштение се вели дека, користејќи иновативни технологии и дизајн, двете компании ќе соработуваат за да развијат решенија за материјали и дизајнерски карактеристики кои не само што ќе ги натераат астронаутите да гледаат надвор од овој свет, туку и ќе ги заштитат од предизвиците со кои ќе се соочат во вселената и животната средина на Месечината.

Освен што астронаутите  ќе имаат шанса да „одат по пистата на Месечината“, вселенскиот костум ќе им даде зголемена флексибилност, поголема заштита да издржат суровата средина и специјализирани алатки за истражување на вселената и научни можности.

ФОТО | Ги премина границите: „Прада“ продава искинати, валкани гаќи за 650 долари

ВИДЕО | НАСА го претстави новиот костим за астронаутите кои ќе слетаат на Месечината

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот