ФОТО | Ги премина границите: „Прада“ продава искинати, валкани гаќи за 650 долари

Со секое ново парче модната куќа „Баленсијага“ ги изненадува вљубениците во модата, но сега „Прада“ отиде чекор подалеку и ги фрли во сенка креациите на „Баленсијага“ како „костимот за свештеници“, кој го прошета Џастин Бибер, влечките кои изгледаат како деца да си играле со пластелин, па залепиле висока потпетица, чантите која изгледаат идентично како најлонско ќесе од супермаркет…
Зимската колекција на „Прада“ на списокот на нови креации вклучи и машки гаќи, кои ќе се продаваат за 650 долари.

Но, ако помислевте дека цената е главниот „проблем“, се лажете.
Моделот изгледа како да сте позајмиле некои излитени, искинати, валкани машки гаќи.
Моделот доаѓа во две бои – целосно бела и сива, а не се знае која комбинација е полоша.

Иако, како и секогаш, и овие гаќи ќе си најдат свои клиенти, а нам ни останува да се прашуваме – што ќе се појави следно на модната сцена.