
Познати сите шешири, тројца Македонци во жрепката за групите на Лигата на шампионите
И официјално започнува трката за титулата шампион на европскиот континент за натпреварувачка сезона 2022/2023. Динамо Загреб беше последниот клуб кој преку квалификациите успеа да обезбеди влез во групите на Лигата на шампионите. А претходно во средата тоа го направија и Ренџерс и ФК Копенхаген.
Препорачано
Сега ги знаеме сите 32 учесници, сите четири шешири пред жрепката која ќе се одржи в четврток (25 август) со почеток од 18.00 часот во Нион. Во текот на церемонијата ќе бидат прогласени и најдобрите за изминатата сезона, и идеалниот тим на УЕФА.
Како што е познато, клубови од исти земји не можат да се сретнат, а групната фаза веќе ќе започне на 6 септември, а завршува на 2 ноември, поради Светското првенство во Катар.
Македонија во групите на ЛШ ќе ја претставуваат Елиф Елмас со својот Наполи, како и Аријан Адеми и Стефан Ристовски со Динамо Загреб. „Наполитанците“ се во третиот, а „модрите“ во четвртиот шешир.
The pots for tomorrow's Champions League draw are set ? pic.twitter.com/Ent5XLXXhu
— B/R Football (@brfootball) August 24, 2022
Шешир 1: Реал Мадрид, Манчестер сити, Баерн Минхен, ПСЖ, Ајнтрахт, Милан, Порто, Ајакс.
Шешир 2: Ливерпул, Челси, Барселона, Јувентус, Атлетико Мадрид, Севиља, Лајпциг, Тотенхем.
Шешир 3: Интер, Борусија Дортмунд, Спортинг, Салцбург, Шахтјор, Баер Леверкузен, Наполи, Бенфика.
Шешир 4: Олимпик Марсеј, Клуб Бриж, Селтик, Ренџерс, Динамо Загреб, ФК Копенхаген, Викторија Плзен, Макаби Хаифа.