Познат српски рапер приведен во Тајланд поради недозволени супстанции

Фото: Принтскрин/Инстаграм/gasttozz

Како што дознава српски „Курир“, Ненад Маринковиќ Гастоз пет дена се наоѓа во притвор во Тајланд. 

Српскиот рапер, попознат по учеството во реални емисии, се обидел да излезе, но не успеал во тоа. Требало да плати казна, но навел дека нема пари, по што бил приведен. Не е познато колку дена ќе биде зад решетки за недозволени супстанции.

Инаку, Гастоз со години оди на оваа егзотична дестинација и не му е првпат да доживее непријатност.

Раперот бил сопрен од рутинска контрола додека возел, кога било констатирано дека бил под дејство на алкохол и недозволени супстанци. па веднаш бил приведен.

Инаку, Тајланѓаните ја дочекуваат Новата година како и остатокот од светот на 31 декември, но покрај овој празник имаат и свој традиционален празник кој се одржува од 12 до 16 април и се нарекува Сонгкран, попознат како тајландска Нова година, а со оглед на тоа што Гастоз е приведен пред неколку дена, тоа значи дека овој празник го поминал зад решетки.

Гастоз веќе извесно време престојува во Тајланд, од каде редовно споделува фотографии и видеа на својот инстаграм-профил.

Фото: Printskrin/Instagram/gastozz

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот