Познат шеф од Гостивар стана сопственик на омилен хотел на Наполеон Бонапарта

Фејсбук/Фарук Незири

Успесите на македонските државјани во странство се редат секој ден се повеќе и повеќе. Еден таков успех пристигнува од Мантова, Италија, односно од познатиот шеф на кујната, Фарук Незири, кој потекнува од Гостивар. Во прекрасниот италијански град Кастелучио, богат со долга историја и култура, Незири отвори негов ресторан кој го носи името на овој град. Ресторанот се наоѓа во срцето на една од најразвиение области на Италија.

Но тоа што го прави посебен хотелот е традицијата која е стара 200 години. Според историските податоци на локалниот музеј, во овој хотел еднашка престојувал и Наполеон Бонапарта во едно од неговите патувања низ Европа, јавува Лајмпрес. Незири во неговиот пројект донесе помодерен концепт. Тој се состои од четири структури на едно место – екслузивен ресторан, хотел, пицерија и кафе бар.

За сите оние кои не го знаат Незири, мало потсетување, тој потекнува од Чегране, Гостивар, а неколку пати е добитник на престижни награди во Италија. Во 2013 година тој беше избран за најдобриот шеф на кујна во Италија за потготовка на храна од риба и морски плодови.

А неговите јадења секогаш изгледаат како уметничко дело.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот