Познат инфлуенсер почина на 30 години, пред смртта се жалел на болки во овој дел на телото

Фото: Инстаграм

Познатиот бодибилдер и инфлуенсер Џо Лајндер почина на 30-годишна возраст.

Младиот човек, кој имаше 8,4 милиони следачи на Инстаграм, починал од аневризма, а неколку дена пред смртта се пожалил на болки во вратот, јавува „Њујорк пост“.

Трагичната вест ја потврди неговата девојка Нича, а неговите следбеници масовно се простуваат од него.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Нича тврдела дека тој се пожалил на болки во вратот само неколку дена претходно.

Таа го нарече Лајндер сладок, љубезен, верен, силен и „човек кој верувал во сите“.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

„Почивај во мир Џо. Те сакам човеку“, напиша колегата Ноел Дејзел на Инстаграм, заедно со заедничката фотографија од нив.

„Сè уште продолжувам да го проверувам мојот телефон чекајќи го твојот одговор за да се сретнеме во теретана“, напиша тој во подолгата порака. „Скршен сум брат. Ни ги отвори рацете за нас, ни покажа многу за животот и социјалните мрежи“.

Дејзел додал: „Твојата дарежливост кон мене и кон другите секогаш ќе остане со мене“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот