Пожарот во Богданци е изгаснат, активни 10 пожари ширум државата

Хеликоптерската единица при МВР го изгасна пожарот во реонот на Демир Капија/Фото: МВР

Изгаснат е пожарот во Богданци, противпожарните тимови се повлечени од терен, а на лице место, е оставена дежурна екипа да внимава да не дојде до повторно разгорување, изјави директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. Пожарот избувна вчера околу 11 часот во месноста Брдаров Камен, веднаш до препумпната станица на хидросистемот Дојранско Езеро, каде има нискостеблеста деградирана шума и сува трева.

„Апелирам до сите македонски граѓани да бидат исклучително внимателни да не предизвикаат пожар. Палење на оган и скара на отворено, палење на стрништа и пасишта, фрлање отпушоци или работа со алат кој искри за миг може да предизвика пожар. И најмалиот пожар за миг може да излезе од контрола и неколку стотици метри или неколку километри подалеку може да убие човек или да нанесе огромна материјална штета“, вели Ангелов

На територијата на државата денес се регистрирани 10 пожари на отворено, а во скопско се изгаснати и сѐ уште се гасат 7 пожари на отворено. Изгорени се приближно над 350 хектари нискостеблеста деградирана шума, грмушки и трева. Ангелов вели дека нема штета на четирите ветерници под кои помина пожарот. На терен беа околу 65 лица, меѓу кои пожарникари од Гевгелија, Валандово, Кавадарци и Штип, заедно со тим од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Национални шуми и јавното комунално претпријатие од Богданци.

.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот