Пожарникар за „Слободен печат“: СИТЕ пожари се подметнати, полицијата треба да шпарта насекаде

Пожарникар во противпожарна единица, кој побара од нас да остане анонимен, сношти за лимитирана публика го објави следниов статус на Фејсбук и кажаното го потврди за „Слободен печат“ во телефонски разговор:

  • Догорчиња и стакленца
  • Ако може да престанете со апели за фрлање догорчиња од цигари.
  • Ако може да престанете да зборувате дека е можно да се запалило од стакло.
  • 90% од пожарите се почнати на терен каде скоро воопшто не се движат луѓе.
  • Дури и на непристапни терени.
  • Ретки се пожарите кои почнале од автопат.
  • А за стакленцата…
  • Пробајте тоа да го направите на сонце, па после ќе зборуваме за веројатноста тоа стакленце фрлено во густа шума каде сончевите зраци не доаѓаат до тревата, тоа да се случи.
  • СИТЕ пожари се подметнати.
  • Можеби само мал број се од небрижност (палење стрништа и сл., но тоа лесно се утврдува)
  • Пробајте, наместо апели, да пуштите полициски патроли да шпартаат насекаде!

ОД ЛИЦЕ МЕСТО | Пожарот кај Робово засега под контрола, но се шири на други локации

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот