Повторно се шпекулира трансфер на Меси во Интер!

фото: твитер

Уште еднаш, медиумите во Италија пренесуваат дека е можно Лионел Меси да игра во Серија А во екипата на Интер.

Овој пат претпоставката се заснова на информациите дека неговиот татко – Хорхе Меси, купил куќа во Милано. Веста прво ја објави „Радио Раи“, а потоа стигна до насловната страница на „Гаѕета дело Спорт“.

Нероа-аѕурите со години не го кријат својот интерес за најдобриот играч на Барселона, а неодамна еден од нивните главни спонзори изрази подготвеност да финансира евентуален договор.

Според „Скај Спорт Италија“, сепак, ова воопшто не е потенцијален трансфер, туку потег на Меси од чисто финансиска гледна точка. Веќе три години, Италија им нуди многу пониски даноци на богатите странци кои купуваат имот во земјата.

Инаку, Лео веќе влезе во последната година од неговиот договор со Каталонците и преговорите за нов сè уште не се водат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот